Денеска рекордни 120 заболени и двајца починати од ковид-19 во Македонија

1,364

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

По градови следни се бројките:






Скопје 67
Куманово 19
Штип 16
Прилеп 4
Тетово 9
Велес 2
Гостивар 1
Неготино 1
Струмица 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65-годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти и тоа во Скопје 8, Штип 3, Прилеп 2, Тетово, Велес и Битола по еден.

Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

Поврзани содржини