ДЕНЕСКА ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И РЕЛАТИВНО ТОПЛО Наместа ќе дува засилен јужен ветар

В недела нè очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

140

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 4 степени во Берово до 10 степени во Охрид. Максималните дневни ќе бидат во интервал од 14 степени (Берово и Попова Шапка) до 19 степени во Дојран и Гевгелија.






Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

В недела нè очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен и долж Повардарието ќе засилува.

Минималните температури ќе бидат од 3 до 9, а максималните од 9 до 16 Целзиусови степени.

Поврзани содржини