ДЕНЕСКА ПРЕД 19 ГОДИНИ АПЛИЦИРАВМЕ Маричиќ е оптимист за ЕУ, „не е прашање дали требаше или не требаше“
Денес не треба да имаме дилема дали требаше или не да се поднесе апликацијата во Даблин, пишува на Фејсбук, вицепремието за европски прашања, Бојан Маричиќ.
„Јасно е и извесно дека Северна Македонија ќе стане членка на Европската унија. Со поднесувањето на барањето за членство во Унијата, во Даблин пред 19 години, македонската Влада избра европска иднина за земјата, со што и официјално го започнавме нашето патување низ бриселските процедури до членство во ЕУ“, објави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на официјалниот Фејсбук профил.