Денеска повеќе починати од заразени
Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на ковид-19.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 1.418 тестирања, а регистрирани се 7 нови случаи на ковид-19 во Скопје.
„Регистрирани се 71 оздравени пациенти од: Скопје – 18, Куманово – 15, Битола – 8, Велес – 4, Штип, Кочани и Пробиштип – по 3, Кичево, Радовиш, Делчево и Виница – по 2, Прилеп, Струмица, Неготино, Свети Николе, Валандово, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица – по 1. Пријавени се вкупно 18 починати лица: 7 лица од Скопје (41, 54, 58, 79 ,81 ,84 и 86), по 3 лица од Тетово (69, 72 и 81) и Гостивар (68, 68 и 77), 2 лица од Прилеп (80 и 90) и по едно лице од Виница (76), Македонска Каменица (77) и Дебар (92). Од пријавените, 9 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови. Пријавените 9 лица починати во домашни услови се од месец април. Направени се 1.418 тестови преку: ИЈЗ-140, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово –0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-117, Авицена-133, Биотек-194, Систина-353, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 440“, се вели во соопштението.
Досега во земјата се направени вкупно 778.092 тестирања на ковид-19.
„Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.067, бројката на оздравени пациенти е 146.940, на починати е 5.329, а бројот на активни случаи изнесува 2.798“, соопшти МЗ.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Дојран 132, Активни 0