Повеќе од 60 нови случаи со ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа во земјава, а еден пациент е починат, информираа за МИА од Институтот за јавно здравје.
Оттаму посочија дека од новодијагностицираните случаи со ковид-19, најголем број се од Скопје.
Повеќе информации за состојбата со ковид-19 во земјава се очекува да соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во 15 часот.