Денеска облаци, ветер и дожд, од утре сонце

718

Во земјата денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 8 до 14 степени.






Во Скопје слично време со минимална температура од 6 степени, а дневната ќе достигне 12 степени Целзиусови.

Од утре следува период на стабилно и сончево време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Поврзани содржини