ДЕНЕСКА ОБЛАЧНО, УТРЕ ВРНЕЖЛИВО Ќе дувне и силен ветер
Во однос на времето што нѐ очекува во следните денови, веќе од утре следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд.
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираше УХМР.
„Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер“, се вели во соопштението.
Во однос на времето што нѐ очекува во следните денови, веќе од утре следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд.
„Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Особено поинтензивни процеси се очекуваат во текот на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2). Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен (над 60км/час) јужен ветер“, информира УХМР.