ДЕНЕСКА ОБЛАЧНО И ТИВКО, ОД УТРЕ ПОСИЛНИ ДОЖДОВИ И СНЕГОВИ Секундарна циклонска активност носи промени
И во повеќето пониски места (градови) врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег каде ќе се формира мала снежна покривка.
Поради продор на значително поладен воздух од север кој ќе продре во Македонија во недела на 1. февруари ќе дојде до формирање на секундарен циклонски систем над Јонско море и над јужен Јадран. Во ваква ситуација во Македонија ќе имаме нови врнежи кои полека и во повеќето пониски места (градови) ќе преминуваат во врнежи од снег каде ќе се формира мала снежна покривка, пишува порталот Метеоаларм на македонскиот метеопрогнозер Славчо Попоски.
Според УХМР, денеска ќе преовладува прoменливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на планините слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Температурите изутринава се движат од -2 степени во Берово, Крушево и Битола, до 4 ВО Дојран и Гевгелија, а максмалните дневни ќе изнесуваат од 4 во Крушево до 13 Целзиусови степени во Дојран.
Целата прогноза на Славчо Попоски може да ја прочитате на следниов ЛИНК.