ДЕНЕСКА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПЛАТИ ПАРКИНГ ПРЕКУ СМС Услугата се надградува
Поради надградбата на системот за зонско паркирање кое се врши моментално, а со цел подобра и поефикасна услуга за корисниците, денеска не е во функција наплаќањето преку смс порака.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ја известува јавноста дека поради надградбата на системот за зонско паркирање кое се врши моментално, а со цел подобра и поефикасна услуга за корисниците, денеска не е во функција наплаќањето преку смс порака. Односно смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не се во можност да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, како давател на услугата.
– Ги молиме корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб картички. Работиме на тоа во најбрз можен рок да биде ставен во функција надградениот систем, со што на корисниците ќе им биде достапна поефикасна услуга – изјавија од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
За достапноста на овој поефикасен систем, навремено ќе биде известена јавноста преку средствата за комуникација.