ДЕНЕСКА НЕ Е ДЕН ЗА ПОЛИТИКА, ТУКУ ЗА ПОЧИТ КОН ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ Шилегов има што да каже по одлуката на СДСМ да го исклучи од партијата

Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период, рече Петре Шилегов.

1

Денеска не е ден за политика, рече вечерва поранешниот скопски градоначалник и пратеник Петре Шилегов, кој во емисија во живо слушна дека Извршниот одбор на СДСМ донел одлука да го исклучи од партијата.

Шилегов оваа вест ја дочека додека гостуваше на „4ТВ“, каде зборуваше во својство на бранител на еден од обвинетите во судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на денешен ден минатата година.






Прашан за коментар, Шилегов рече дека со почит на денешниот ден и трагедијата во Кочани вечерва нема да дава политички изјави.

– Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период – рече Шилегов.

СДСМ ЌЕ ГО ИСКЛУЧИ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ОД ПАРТИЈАТА Извршниот одбор донесе одлука

Поврзани содржини