Денеска настапува розовата супермесечина: Каде може да се види и какво е нејзиното значење ВИДЕО

495

На небото денеска ќе светне розовата супермесечина, најголемата и најсветлата Месечина во годината. Полната Месечина ќе го достигне врвот кога лунарната кугла ќе се положи директно спроти Сонцето.

Супермесечината ќе биде видлива на 7-8 април, кога Месечината ќе биде на 356.907 километри од Земјата, што ќе ја направи поголема и посветла на ноќното небо.






Во Велика Британија се очекува дека Розовата Месечина ќе биде видлива на 8 април.

И покрај своето необично име, Mсечината нема да биде розова.

На ист начин, Јунската Јагода Месечина не станува црвена, а Рибарската Месечина во август не личи на риба.

Наместо тоа, името потекнува од индијанскиот начин за мерење на времето.

Според „Алманахот на стар фармер“, племињата по источниот брег на Америка именувале различни фази на Месечината според сезонските промени во пејзажот.

Се смета дека Розовата Месечина го добила името по вид розов цвет кој цвета на почетокот на пролетта.

Ами Ниескенс од Алманахот на стариот фармер вели: „Априлската полна месечина е позната како Полна розова месечина бидејќи го најавува појавувањето на дивите приземни флокси или розовиот мов, еден од првите цветови на пролетта. Исто така е позната и според многу други имиња кои го најавуваат доаѓањето на пролетта, вклучувајќи го Месечината на пуштањето на тревата, Месечината Јајце и Рибја Месечина. Со време различни култури и давале други имиња на полната Месечина според месечевиот календар“, вели таа.

Многу прекари на Месечината доаѓаат од културата на Индијанците, бидејќи за нивниот начин на живот циклусите на месечевите фази биле еднакво важни за методот за време, како и за подолгиот соларен циклус во годината – од каде потекнува модерниот грегоријански календар.

Бројот на имиња на Месечината малку се разликува од племе до племе.

Многу од тие имиња ги усвоиле колонијалните Американци и оттогаш се популарни.

 

Поврзани содржини