ДЕНЕСКА МУ Е РЕДОТ НА ГРУБИ ДА ШИРИ ЛАГИ ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нивни пратеници нема да поддржат уставни измени

322
Груби кажува лаги, ако имаат пратеници за уставни измени уште наредна недела нека ги стават на дневен ред, ако не Ковачевски веднаш да си поднесе оставка, реагира ВМРО-ДПМНЕ по најавата на првиот вицепремиер декавеќе контактираат и се во комуникација со опозициски пратеници и со претседатели на политичките партии за, како што рече, начин на којшто и тие ќе ја дадат својата поддршка за европска Македонија.





„Соочени со секојдневните неуспеси и порази на секое поле, владата на Ковачевски се обидува очајно да направи дефокус . Тоа што нема учебници во образованието, тоа што Македонија има највисока стапка на инфлација и најниска стапка на економски раст. Тоа што се до гуша заглавени во криминал, се обидуваат да го покријат со лажни вести. Редот да шири лаги денес му е на Артан Груби. Прашањето за уставни измени не е прашање дали сме за или против Европска Унија, туку дали сме за или против идентитетско обезличување и прифаќање на бугарските ултиматуми“, се наведува во соопштението од најголемата опозициска партија.
Поврзани содржини