ДЕНЕСКА ГЛАСАЛЕ 10.653 ЛИЦА Гласањето ќе продолжи додека не се посетат сите пријавени

Денешниот изборен ден поминал без проблеми, информираат од ДИК.

255

На првиот изборен ден  гласале вкупно 10.653 лица, информира Државната изборна комисијата вечерва на прес конференција.

– 1.229 лица од нив гласале во казнено поправните установи, 5.477 се  болни и немоќни лица 304 лица се  позитивни на ковид-19 или во самоизолација – информира портпаролката на ДИК  Љупка Гугучевска.






Таа информира дека гласањето во одделни општени ќе трае додека се посетат сите пријавени гласачи.

– Гласањето во одредени општини за овие категории на гласачи сѐ уште трае бидејќи избирачките одбори ќе работат се додека сите кои се пријавиле не добијат можност да гласаат – изјави портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.

Таа рече дека денешниот изборен ден поминал без проблеми.

Гугучевска потсети дека за граѓаните е активен бесплатниот телефонски број 0800 55544 на кој може да се јават и да постават прашање или да остават коментар до ДИК, но заедно со своите податоци за контакт на кои би добиле одговор на поставеното прашање.

Во однос на комунацијата со граѓаните со оштетен слух и говор на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашње до ДИК и да добијат одговор на македонски знаковен јазик.

На располагање се и останатите канали за комуникација на ДИК: интернет страницата на ДИК, страниците на социјалните мрежи фејсбук и твитер и каналот на јутјуб, на кои може да се најдат сите правовремени и точни информации пооврзани со изборите што ги споделува ДИК која е одговорна за спроведување и организирање на изборите.

Поврзани содржини