ДЕНЕСКА ЌЕ СЕ ОПЕРИРААТ ДВАЈЦА ПРЕЖИВЕАНИ Еден патник има тешки изгореници на двете раце

Вчера беше извршена операција на колено на еден од повредените, рече д-р Маја Аргирова, началничка на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.

988

Направени се две операции вчера, а денеска ќе се направат уште две на патниците кои се згрижени во болницата „Пирогов“ во Софија, откако беа повредени во сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 46 лица.

– Едниот од пациентите има тешки изгореници на двете раце, поради што ќе мора да се изврши операција, а операција на десното колено треба да се изврши и на едно девојче. Вчера беше извршена операција на колено на еден од повредените – рече д-р Маја Аргирова, началничка на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.






Таа рече дека еден од пациентите се наоѓа во тежок психички шок и дека со него е психолог.

Шест од пациентите се наоѓаат на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, а еден од пациентите е во Клиниката за трауматологија.

Лекарите од болницата во Софија се во контакт со македонски колеги. Здравствената состојба на сите седум пациенти е стабилна.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утрово разговарал со д-р Иван Поромански, директор на болницата „Пирогов“ во Софија. Министерството соопшти дека на двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која ѝ е оперирано коленото, и тие се чувствуваат добро. Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.

Поврзани содржини