Денеска е неработен ден
Според одлуката на Владата, оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат денеска треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд.
Поради одржување на предвремени парламентарни избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани и нема да се одработува.
Според одлуката на Владата, оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат денеска треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд.
„Според Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавачот на работникот е должен да му исплати надоместок и додаток на плата за работа на празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис“, појасни Владата