ДЕНЕСКА ЌЕ ИМА НИСКА ОБЛАЧНОСТ Од четврток над 20 степени

600

Наутро по котлините ќе има услови за магла и ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 14-от степен.






Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, а дневните до крајот на работната недела ќе бидат во постепен пораст.

Од средината на оваа седмица ќе биде сончево со пролетна температура која ќе достигне и на 20 степени.

Поврзани содржини