ДЕНЕСКА ЌЕ ФАТИМЕ И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Дожд е можен само на крајниот запад

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

303

Во земјава денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, минималните утрински температури ќе се движат од -4 до 3, а максималните дневни од 5 до 13 Целзиусови степени.






Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

И за утре се предвидува променливо облачно и потопло, со сончеви периоди, со минимални температури од 2 до 8, а максимални од 11 до 18 Целзиусови степени.

 

Поврзани содржини