ДЕНЕСКА ЌЕ ДУВА ВЕТЕР Продолжува топлото време

293

Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде времето денеска. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.






Температурата и денека ќе биде повисока од вообичаената за овој период од годината.

За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во недела попладне и во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе дневната температура во понеделник да опадне за 4 до 6 степени.

Поврзани содржини