ДЕНЕСКА Е ДЕН НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ Ќе биде одбележан во повеќе општини
Во Албанија општо прифатена теза е дека знамето на Албанија, поточно двоглавиот орел е позајмен од печатот на Скендербег. Скендербег, поточно семејството Кастриоти, користеле двоглав црн орел со по една круна над секоја глава. Орелот е византиски симбол, поточно орелот го користела византиската династија Палеолози. Од страна на модерната албанска нација, орелот почнал да се употребува во доцниот 19 век и раниот 20 век.
Денеска се одбележува Денот на албанското знаме. Освен што албански знамиња ќе бидат истакнати во повеќе општини во земјава, политичката партија ДУИ најави дека напладне ќе ја одржи својата традиционална свечена академија во хотелот „Александар Палас“, пишува НоваТВ.
Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука го честиташе на Фејсбук, пишувајќи дека градот станал црвено-црн.
„Честит 28 ноември, Денот на знамето, денот кој ги обединува сите Албанци каде и да се во едно тело. Нека славиме уште многу години од животот!“, напишал Дука.
Во Албанија општо прифатена теза е дека знамето на Албанија, поточно двоглавиот орел е позајмен од печатот на Скендербег. Скендербег, поточно семејството Кастриоти, користеле двоглав црн орел со по една круна над секоја глава.
Орелот е византиски симбол, поточно орелот го користела византиската династија Палеолози. Од страна на модерната албанска нација, орелот почнал да се употребува во доцниот 19 век и раниот 20 век. Како официјален симбол на Албанија за прв пат бил употребен во 1912 година, кога Албанија станала независна држава.