Амди Бајрам ќе биде погребан во Алеата на великаните на гробиштата во Бутел
Погребот, како што соопшти Сојузот на Ромите, е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алеата на Великаните.
Денеска ќе биде погребан лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој почина вчера на 64-годишна возраст.
Погребот, како што соопшти Сојузот на Ромите, е закажан за денеска, во 14 часот во Али Пашината џамија и во 15 часот на гробиштата во Бутел во Алеата на Великаните.
„Од канцеларијата на Сојузот на Ромите на Република Северна Македонија ве информираме со голема тага и болка дека вчера, на 24 октомври 2020 година почина нашиот сакан и почитуван претседател на партијата и долгогодишен пратеник во Собранието“, се наведува во соопштението на партијата, со која раководеше Бајрам.
Министерството за здравство вчера соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на ковид-19.
МЗ изрази сочувство до семејството и апелира, во интерес на заштита на нивното здравје, во целост да соработуваат со надлежните служби. Дополнително, да се избегнат сите погребни ритуали, а погребот да се спроведе согласно протоколите, како превенција од натамошно ширење на инфекцијата од ковид-19.