ДЕНЕСКА ДОЖД, МОЖНО Е И КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ На повидок сончев викенд

358

Денеска (четврток, 4 мај), времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, со максимални температури до 19 степени, прогнозира УХМР.

Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.






Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утре и задутре времето ќе се разведри. В петок ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

В сабота сепак ќе има услови за локална појава на нестабилност, со пороен дожд и ретки грмежи.

Поврзани содржини