ДЕНЕСКА ДО 38 СТЕПЕНИ Од понеделник уште потопло

351

Времето денеска ќе биде сончево и топло, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

UV индексот ќе изнесува 8.






Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло со умерен, повремено со засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 38-от степен.

Во следните денови времето ќе биде сончево и многу топло, особено  во почетокот на следната седмица, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Поврзани содржини