ДЕНЕСКА ДО 15 СТЕПЕНИ Од недела пак ќе застуди

353

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб локален снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.






Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер и со максимална температура од 10 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повеќе сончеви периоди во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Во недела облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб снег на планините и на некои од повисоките места. Температурите ќе бидат во опаѓање.

 

Поврзани содржини