Времето денеска ќе биде сончево со мала, во северозападните и западните делови умерена облачност, која до крајот на денот ќе се зголеми и прошири и во останатите делови.
Во текот на ноќта кон недела во северозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег. Во источните делови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала, а попладне умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 6 степени.
Најстудено изутрина е во Берово, каде се измерени – 11 степени, по што следат Битола со -9, како и Берово и Скопје-Петровец – 7. Минус шест степени се регистрирани во Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -5 во Тетово, Штип, Гевгелија и Куманово, -4 во Претор, Скопје-Зајчев Рид и Дебар, -3 во Охрид и Виница, -2 во Маврови Анови и Попова Шапка, 0 Крушево, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Највисока снежна покривка од 49 сантиметри има во Маврови Анови, во Попова Шапка 30, Крушево и Пожаране со по 25 односно 24 сантиметри.
Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а попладне од јужен правец. В понеделник попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Се очекува пообилни да бидат во западните делови.
Температурите во следните денови ќе бидат повисоки, освен во вторник кога ќе дува засилен северен ветер.