Денеска 393 новозаболени од коронавирусот, починаа четири лица

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.555, бројката на оздравени пациенти е 16.099, на починати е 785, а бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.671.

3,021

Министерството за здравство објави дека во последните 24 часа се регистрирани 393 позитивни на коронавирусот. Скопје и натаму е со најголем број 189 позитивни на тестирањата.

Во изминатото деноноќие направени се 2.464 тестирања.






Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (83г.), Куманово (62г.), Кичево (80г.) и Радовиш (54г.).

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 55 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 родители позитивни на ковид-19, а нема хоспитализирани суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 24, а во болницата во Штип се 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 200, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.555, бројката на оздравени пациенти е 16.099, на починати е 785, а бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.671.

Поврзани содржини