ДЕНЕШНОТО ГЛАСАЊЕ ОТКРИ КОЈ ГО ЧУВА КОЦЕВСКИ НА ФУНКЦИЈА Милошоски за кодираната порака од СДСМ до обвинителот

999

Со денешното гласање во Собранието паднаа маските околу тоа кој е политичкиот покровител на државниот јавен обвинител Коцевски и неговото раководно друштво во обвинителството, реагираше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Одговорот е јасен. Истите политичари од ДУИ и СДСМ кои во февруари 2024 година го предложија и гласаа ЗА изборот на Коцевски за јавен обвинител, денес не се осмелија да гласаат за негова недоверба. И покрај тоа што државниот обвинител има неколку крупни професионални грешки за кои заслужува разрешување, сепак фактот што токму Коцевски најдобро ги знае индициите за висока корупција направена од високи функционери од СДСМ е оној политички кредит што пратениците на Филипче и Оливер Спасовски мораат сè уште да го отплаќаат со заштита на функцијата на обвинителот. Дури и пораката од СДСМ до Државниот обвинител дека од него зависело дали ќе бил ‘со штитот или на него’, повеќе звучи како кодиран сигнал од еден кон друг бизнис клан, отколку како парламентарен принцип поврзан со владеењето на правото“, напиша Милошоски.






Сепак, добро е што ВМРО-ДПМНЕ остана доследна на своите позиции и тука не треба да се застане, посочи тој.

„Бидејќи, иако денес ги видовме политичките покровители на Државниот обвинител во Собранието, сепак корозијата на репутацијата на ЈО во најголем ја прават десетина актери внатре во самото обвинителство. Заради ваквите околности, како и заради силната порака која денес ја доби од Собранието, најдобро е ЈО Коцевски да си поднесе оставка, бидејќи спонзорството од ДУИ и СДСМ само дополнително ќе му го руши и угледот, и интегритетот на обвинителството во целина“, наведе Милошоски.

Поврзани содржини