ДЕНЕШНАТА СОСТОЈБА ВО СДСМ Е РЕЗУЛТАТ НА ПОГРЕШНА КЛАДБА НА ВИЦЕ ЗАЕВ? Неколку суштински прашања до Фани Каранфилова од ВМРО-ДПМНЕ
Додека светот се менува, додека глобалните политички текови носат нови предизвици, СДСМ повторно оди со старата матрица на клиентелизам, лични интереси и затворени кругови, наведе ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
СДСМ повторно е заложник на минатото, без визија, без идеи, без енергија. Поразени на избори, расклатени од внатрешни фракции, тие очајнички се обидуваат да ја зачуваат контролата врз партијата преку личности како Фани Каранфилова – но дали ова е најдоброто што можат да понудат? Денешната состојба во СДСМ е резултат на погрешната кладба на Вице Заев, објави ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Додека светот се менува, додека глобалните политички текови носат нови предизвици, СДСМ повторно оди со старата матрица на клиентелизам, лични интереси и затворени кругови. Неколку суштински прашања до Фани Каранфилова: Како се чувствувате како заложник на Вице Заев? Дали сте навистина избрана заради вашите квалитети или само заради тоа што сте ‘сигурен избор’ на стариот систем? Зошто потрошивте илјадници евра на митинг во Струмица кој беше целосен дебакл? Дали партијата ги користи последните ресурси на безуспешни спектакли за Вице Заев да си ја задржи контролата? Што мислите за бегството на Артан Груби и криминалот на ДУИ во Лотарија? Зошто СДСМ молчи и не се оградува? Дали тоа значи дека го одобрува криминалот? Дали, со оглед на тоа што СДСМ никогаш не се извини за криминалите, значи дека стоите зад злосторствата врз граѓаните? Дали го поддржувате изборот на Судскиот совет за претседател на Врховниот суд? Дали ова е уште еден обид за поставување партиски кадри во судството? Дали е точно дека главниот спонзор кој ги платил автобусите за митингот на СДСМ се токму Заеви? Дали ова покажува дека СДС е сè уште во нивни раце? Дали во плаќањето на автобусите има пари од Васко Ковачевски или средствата доаѓаат исклучиво од Заеви? Дали ова значи дека партијата е целосно зависна од нивните финансиски интереси? СДСМ е партија без кредибилитет, без одговорност и без иднина. Нивната ‘реновирана’ структура не е ништо друго, туку повторно рециклирање на истите ликови кои ја уназадија државата. Но, едно е сигурно – граѓаните не сакаат рецидиви од времето на Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби во СДСМ сè уште веруваат дека можат да ја држат партијата во заложништво преку поставување на потпросечни луѓе, но Македонија одамна го надмина тоа, наведено е во соопштението.