ДЕНЕС ТОА СЕ ПАРИ, УТРЕ МОЖЕ ДА БИДАТ МЛАДИ УНГАРЦИ Орбан одбива да испраќа војници и финансии во Украина
Ваквите потези би можеле да доведат до директен конфликт со Русија, објави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека се спротивставува на испраќањето финансиска и воена поддршка на Украина, предупредувајќи дека ваквите потези би можеле да доведат до директен конфликт со Русија.
„Денес станува збор за испраќање унгарски пари во Украина, а утре би можеле да бидат млади Унгарци испратени да се борат“, објави Орбан на Икс.
Тој нагласи дека Унгарија „вели не“ и одбива да учествува во тоа.