ДЕНЕС НЕ ПРАВАМ НИШТО ЗА РУЧЕК, САМО ПИПЕРКИ ВО ЕДНА ОД МИЛИОН МОЖНИ ВАРИЈАНТИ За потеклото, ама и за здравствените придобивки на пиперките

Памтам дека секое лето во најтоплите денови, мајка ми, која инаку многу сакаше да готви, велеше: Денес не правам ништо за ручек, ќе испржам пиперки и толку. Или: Денес не правам ништо, само една летна манџа, или ќе наполнам пиперки со сирење, ќе ги испржам и толку! Пиперки во милион варијанти кои, демек, не беа правење ручек, туку нешто онака, набрзина. А тоа беше и омиленото јадење, баш такво, набрзина, што мириса на пиперки.

2,908

Летото е синоним за јадења во кои главна ѕвезда е пиперката. Свежи пиперки за салата, сирови наполнети со сирење, пржени наполнети со сирење, во летна манџа, само пржени пиперки, потоа зачинети со оцет и со лук, пржени со јајца, пиперки за пинџур, везени пиперки, буковка, пиперки во милион варијанти.

А мирисот на пржените и печените пиперки, е нешто што го сакаме најмногу на свет.






Мислам, дури и на овие жештини, кога ќе го почувствувате, не можете да не огладнете.

Памтам дека секое лето мајка ми, која инаку многу сакаше да готви, велеше: Денес не правам ништо за ручек, ќе испржам пиперки и толку.

Или: Денес не правам ништо, ќе направам летна манџа, имаме сирење, лепче и толку.

Или: Денес не правам ништо, ќе наполнам пиперки со сирење, ќе ги испржам и толку!

И така натаму, пиперки во милион варијанти кои, демек, не беа правење ручек, туку нешто онака, набрзина.

А тоа беше и омиленото јадење, баш такво, набрзина, што мириса на пиперки.

Или пак, пинџур. Пинџур со печени црвени пиперки, модри патлиџани и на крајот, свежи црвени домати и лукче.

Колку многу вкуснотии има во овие нашите лета…

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини