„ДЕНЕС НАД МАКЕДОНИЈА“ ДА ЕЧИ ВО СИТЕ УЧИЛИШТА Мицкоски бара химната да се интонира во сите општини

Мислам дека ова треба да биде политика, којашто ќе биде централизирана. Министерството за образование оваа политика ќе ја спроведе и мислам дека на целата територија на државата треба да има ваков начин на покажување почит кон државата, во којашто сите ние живееме и твориме, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

384

Секој граѓанин треба да покаже почит кон еден од основните симболи на државата во која е роден, која му овозможила да се образува, да формира семејство и во неа живее, изјави денеска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на прашање дали во сите општини каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ ќе се интонира македонската химна, тој рече дека ова прашање не би го партизирал и смета дека тоа треба да биде пракса не само во општините каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.






– Мислам дека ова треба да биде политика, којашто ќе биде централизирана. Министерството за образование оваа политика ќе ја спроведе и мислам дека на целата територија на државата треба да има ваков начин на покажување почит кон државата, во којашто сите ние живееме и твориме – вели Мицкоски.

Тој апелира до министерот за образование ова да биде државна политика и да се реализира во сите општини, без разлика од која политичка партија и да се градоначалниците.

– Имаме држави, нашиот стратешки партнер САД, каде што има многу нации, сите стојат пред интонирање на американската химна и се горди кога ја слушаат американската химна и сите го почитуваат американското знаме. Така што оние кои не ги почитуваат националните атрибути на државата, во којашто живеат, тогаш навистина постои сериозен системски пропуст – вели Мицкоски по посетата на Општина Гази Баба.

Поврзани содржини