ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ КРУЖНИОТ БРОЈ ПИ На 3/14 се родил Ајнштајн, починал Хокинг
Соодносот на обиколката на една пита со нејзиниот пречник е константа толку фундаментална, што кога вонземјани во некоја цивилизација би имале своја математика, со свои броеви и броен систем, вредноста на Пи не би била сменета.
Денот на бројот Пи или 14 март, стана и те како распространет празник меѓу математичарите, но и обичните „смртници“ во светот. Освен што роденденот на Ајнштајн, односно смртта на физичарот Стивен Хокинг се поклопуваат на денешен ден, кој во календарите во САД се пишува токму како 3/14, вечниот, трансцендентниот, неповторливиот број 3,14159… има многу поголемо значење од само мерењето на еден круг.
Зошто велиме неповторлив? Бројот Пи всушност оди во децимали до бесконечност, а тоа значи дека ако доволно бараме во него се содржани сите можни комбинации на бројки кои би ги замислиле. На пример, името на вашиот сакан/сакана, кодирано во бројки, го има таму негде, во децималите. Го открил Архимед, кој сакал да го измери кругот, а притоа сфатил дека кругот нема обична димензија од, на пример, 3 сантиметри, туку 3, 14159… до немерливост. Тоа важи ако пречникот на кругот е 1 сантиметар. Ако е 2 сантиметри, тогаш се множи по два, што значи 6,28… и така натаму…
At https://t.co/hxGHnsyFm6, you can browse the first ONE MILLION digits of Pi. Can you find your birthday? Can you find 31422? pic.twitter.com/DKTObrj1oQ
— Mathigon (@MathigonOrg) March 9, 2022
Во математиката трансцедентните броеви ги има малку, како Фи или бројот на Олјер. Тие кажуваат многу нешта за универзумот, а ги наоѓаме секаде. Сѐ што е кружно почнува со Пи. И пирамидата во Египет го има Пи. А, сепак математичарите никако не можат да ја завртат главата околу бројот. Тоа што Пи нема крај им задава главоболки, бидејќи не можат да ја заокружат точната вредност.
Но, едно е сигурно. Соодносот на обиколката на една пита со нејзиниот пречник е константа толку фундаментална, што кога вонземјани во некоја цивилизација би имале своја математика, со свои броеви и броен систем, вредноста на Пи не би била сменета. Слично на ова, Египќаните и Вавилонците имале свои „математики“, но соодносот е непроменет.
Денот на Пи почнал да се слави во 1988 година од Лери Шо, а во 2009 година Американскиот Конгрес, односно неговиот долен дом, го одобрил за вистински празник. Сличноста на зборот „Пи“ со „Пита“ дошла подоцна како случајност, бидејќи константата е именувана по грчката буква „пи“ која Архимед ја избрал, бидејќи другите букви од алфабетата веројатно биле зафатени.