ДЕНЕС (19 МАРТ) КАТОЛИЦИТЕ ВО НЕКОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ГО СЛАВАТ ДЕНОТ НА ТАТКОТО Поголемиот дел од светот го прифатил славењето на празникот во јуни

Додека поголемиот дел од светот го одбележува Денот на татковците во јуни, католиците во некои европски земји го поврзуваат празникот со свети Јосиф и го одбележуваат на 19 март.

69

Денот на татковците е празник посветен на татковците, дедовците и сите татковски фигури, но во Хрватска, како и во некои други европски земји, има посебно значење со длабоки традициски корени. Додека поголемиот дел од светот го слави во јуни, тие земји, меѓу кои е и Хрватска, тој се одбележува на 19 март.

Овој датум не е случаен – тој е поврзан со празникот на свети Јосиф, заштитник на семејството. Како симбол на татковство, грижа и скромност, свети Јосиф претставува идеал што се почитува со векови.






Традицијата на славење на Денот на татковците на 19 март постои долго пред модерната верзија на празникот што се развила во Соединетите Американски Држави.

Овој датум, освен во Хрватска, го одбележуваат и во Италија, Шпанија, Португалија и Лихтенштајн. Иако не е државен празник, денот се прославува во кругот на семејството и во верските заедници.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини