ДЕН ЗА УБАВА МИСЛА, МИР И СПОКОЈ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го честита Христовото воскресение
Да го прославиме Велигден во духот на православието, да имаме празнични денови исполнети со мир, хармонија и добро здравје. Нека ни е честит големиот празник Велигден! Христос Воскресе! Навистина Воскресе, се вели во велигденската честитка од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани од православна, католичка и протестантска вероисповед им го честита најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, со желби за добро здравје, љубов, мир, спокој, благосостојба и радост во секој дом.
Христовото Воскресение е ден на радоста и ден кога Христос ја победил смртта. Велигден е празник кога треба да имаме убава мисла, да помагаме на оние кои им е потребно, да бидеме со семејството и да имаме мир и спокој во душите, се вели во честитката на владејачката партија.
„Во овие времиња кога се работи на подобра економија, на повисоки плати, подостоинствен живот, менување на меѓународната политика, се вложува во секоја пора од општеството, ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од своите ветувања и реализации, бидејќи граѓаните ни се најважни! Да го прославиме Велигден во духот на православието, да имаме празнични денови исполнети со мир, хармонија и добро здравје. Нека ни е честит големиот празник Велигден! Христос Воскресе! Навистина Воскресе“, се вели во велигденската честитка од ВМРО-ДПМНЕ.