ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО ТЕТОВО ПОРАДИ СМРТТА НА ШПАТ КАСАПИ Пејачот дал значаен придонес во развојот на културата и музиката
Општина Тетово информираше дека на вонредна седница преку видео конференциска врска е донесена одлука на Советот, понеделник, 1 декември 2025 година, да биде ден на жалост, поради смртта на пејачот Шпат Касапи. Денот на жалост е прогласен на територијата на Општина Тетово.
– Шпат Касапи даде значаен придонес во развојот на културата и музиката во општина Тетово, во Република Северна Македонија и на албанската музичка сцена. Во денот на жалост се препорачува на јавните установи, правните лица и граѓаните да се воздржат од организирање на свечености, забавни и музички настани – се наведува во одлуката на Советот на Опптина Тетово.
Пејачот Шпат Касапи почина на 26 ноември на 40-годишна возраст. Беше погребан во недела 30 ноември на гробиштата на Исламската верска заедница во Тетово.