ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО БУГАРСКАТА ОПШТИНА КАЗАНЛАК, КОЈА Е ЗБРАТИМЕНА СО КОЧАНИ Сочуство со семејствата на загинатите

Одлуката е израз на сочуство на жителите на Казанлак со семејствата на загинатите и на сите граѓани на Македонија. 

939

Општината Казанлак во соседна Бугарија утрешниот ден го прогласи за ден на жалост по катастрофалниот пожар во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде загинаа 59 млади луѓе, а над 150 се повредени.

Општината Казанлак е збратимена со Општина Кочани.






Одлуката е израз на сочуство на жителите на Казанлак со семејствата на загинатите и на сите граѓани на Македонија.

Одлуката ја обjави градоначалничката Галина Стојанова.

 

Поврзани содржини