ГОЛЕМА ДОЗА НА НЕРВОЗА ВО СКОПЈЕ И ВО ОКОЛИНАТА Истепани се двајца Американци, групно се пресметале во Трубарево

2,955

Три одделни инциденти со физички напади се случиле во Скопје и во околината во само 24 часа. Двајца американски државјани биле физички нападнати кај француските гробишта, соседска расправија во Чаир преминала во физички конфликт и тројца напаѓачи нападнале татко со 2 деца во Трубарево.

Напад врз двајца американски државјани во Скопје






Двајца млади државјани на САД, на возраст од 22 и 21 година, пријавиле во СВР Скопје дека во раните утрински часови на 12 август биле физички нападнати во близина на француските гробишта во главниот град.

Инцидентот се случил во 02:20 часот, кога неколку непознати лица физички ги нападнале.

Соседска расправија во Чаир завршила со напад и со оштетено возило

Осумдесетгодишен скопјанец пријавил дека на 11 август, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од својот 27-годишен сосед.

Напаѓачот употребил и тврд предмет, со што му нанел повреди, а дополнително му го оштетил и возилото. Случајот е целосно документиран и ќе следува соодветна пријава.

Напад врз семејство во Трубарево и отпор кон полицијата

Повеќе лица, меѓу кои тројца идентификувани напаѓачи на возраст од 32, 36 и 39 години од Скопје, физички нападнале 47-годишен маж и неговите 2 малолетни деца во Трубарево.

При нападот биле користени тврди предмети.

По инцидентот, кој се случил во понеделникот во 20:35 часот, групата заедно со уште четворица други, вклучително и со еден малолетник, агресивно се однесувала кон полициските службеници кои интервенирале на местото на настанот.

Полицијата ги привела сите инволвирани.

Поврзани содржини