Ден кога умре срамот

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

2,149

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 18.11.1999 година)

Се чув­ству­ва­м ужас­но по­ни­жен од не­дел­ни­те из­бо­ри. Они­е што ме чи­та­ат ве­ро­јат­но ќе се се­та­т де­ка ние, од Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, не­мав­ме свој фа­во­рит. Лич­но, мно­гу ме ин­те­ре­си­ра­ше из­бо­ри­те да ус­пе­а­т и да ми­на­т в ред. Во­ден од то­а љу­бо­пит­ство ре­ла­тив­но ра­но (око­лу 14 ча­сот) оти­дов да гла­сам. За они­е што не зна­ат, жи­ве­а­м во Чен­то, а гла­са­ме во Ос­нов­но­то учи­лиш­те “Кр­сте Ми­сир­ков”. Ат­мос­фе­ра­та, нај­скром­но ре­че­но, швед­ска! На­сел­ба­та е дос­та прос­тра­на, па мно­гу­ми­на до­а­ѓа­ат со ко­ли. Пар­ки­ра­ње­то, оде­ње­то до из­би­рач­ки­те мес­та (уш­те на са­ми­от влез оз­на­че­ни со број­ки и стрел­ки), ле­ги­ти­ми­ра­ње­то, до­би­ва­ње­то пе­ча­ти врз из­би­рач­ки­те ле­ги­ти­ма­ци­и + гла­сач­ко лив­че, се­то то­а се од­ви­ва ре­чи­си бес­шум­но, со наг­ла­се­на свес­т за зна­че­ње­то на из­бо­рот. Ми бе­ше уба­во око­лу ср­це­то: ете, во ед­на скром­на, пре­теж­но ра­бот­нич­ка на­сел­ба, ев­роп­ска ат­мос­фе­ра на кул­ту­ра и ци­ви­ли­за­ци­ја. На из­ле­гу­ва­ње са­мо пра­шав ка­ко е со од­ѕи­вот. Љу­без­но ми од­го­во­ри­ја. Ги поз­дра­вив кон­тро­ло­ри­те. Ти­е от­поз­дра­ви­ја.






И до­ма првин гле­дав­ме вак­ви сли­ки од си­те стра­ни на ма­ке­дон­ска­та зем­ја. Наб­ргу, ме­ѓу­тоа, фа­ти­ја да се ре­да­т и дру­ги глет­ки: не зна­м ко­ја скоп­ска ТВ ку­ќа првин по­ка­жа гла­сач­ко мес­то (сни­ме­но во 9 ча­сот!) во ед­но се­ло на нај­број­на­та мал­цин­ска гру­па – во про­ѕир­на­та ку­ти­ја мо­же­а да се из­бро­ја­т пет лив­чи­ња. Во ис­то вре­ме, во ед­но дру­го (ет­нич­ки слич­но) се­ло из­бо­ри­те ве­ќе зав­рши­ле (!?). По­доц­на, од раз­ни стра­ни, на­се­ле­ни со ис­ти­ов ет­нос, до­а­ѓа­а сѐ по­не­ми­ли сце­ни: при­ка­жу­ва­а огор­че­ни лу­ѓе бук­вал­но по­ниш­те­ни ка­ко гла­са­чи – ко­га дош­ле да гла­са­ат, не­кој пред нив, ве­ќе им ја свршил ра­бо­та­та (!?).

Во доц­ни­те ве­чер­ни ча­со­ви од из­бор­ни­от ден ги ви­дов­ме ре­зул­та­ти­те од де­мок­ра­ти­ја­та à la PDSh! Да не раз­би­рав за што се ра­бо­ти ср­це­то ќе ми пре­пук­не­ше од ми­ли­на: нај­пра­во­вер­ни мус­ли­ма­ни (уш­те пред да го на­ра­на­т до­би­то­кот) избе­зу­ме­но трча­ат на из­би­рач­ки­те мес­та за да гла­са­ат за ста­си­ти­от хрис­ти­јан­ски про­по­вед­ник. Да ви­ду, да не ве­ру­ју! Уште ма­лу да по­мис­ла­м де­ка PDSh ќе ус­пе­е и да ги вра­ти Ал­банци­те во нив­на­та ста­ра (хрис­ти­јан­ска) ве­ра! Ше­га­та на стра­на, фак­тот што се­та на­ша из­бор­на ев­роп­шти­на бе­ше по­ниш­те­на на ва­ков (да не ре­ча­м ка­ков) на­чин до коски ме по­ни­жи. Из­бор­ни из­ма­ми има на си­те стра­ни од све­тот. Ги има­ше и кај нас. Но, ко­га вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја на мно­зин­ски­от на­род ќе доз­во­ли ед­на ек­стрем­на се­па­ра­тис­тич­ка гру­па­ци­ја да ѝ ги ре­ди ра­бо­ти­те во ку­ќа­та, то­а ве­ќе не ми­ри­са доб­ро. Ду­ри и неш­то по­ве­ќе: поч­ну­ва да смрди на пцо­ви­са­но! То­а во ку­ќа­та на ВМРО ум­ре сра­мот!

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1000 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини