ДЕН КОГА ЈА СЛАВИМЕ СЛОБОДАТА ДА ЈА ОПРЕДЕЛУВАМЕ СОПСТВЕНАТА ИДНИНА Владеењето на правото останува клучно за стабилно општество

Да ги чуваме темелите на нашата независност и секојдневно да создадаваме институции во кои граѓаните имаат доверба, порача министерот за правда Јетон Шасивари.

0

Одбележувањето на Денот на независноста е можност да се потсетиме на патот што го изминавме како држава, но и на одговорноста што ја имаме кон иднината, порача министерот за правда Јетон Шасивари на приемот организиран од претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 8 Септември.

„Во таа насока, јакнењето на владеењето на правото, независноста на институциите и заштитата на правата на граѓаните остануваат клучни за градењето стабилно и праведно општество. 8 Септември е ден кога ја славиме слободата да ја определуваме сопствената иднина, но и да се потсетиме дека секоја генерација има обврска да ја направи посилна, поправедна и подобра за оние што доаѓаат по нас. Да ги чуваме темелите на нашата независност и секојдневно да создадаваме институции во кои граѓаните имаат доверба“, порачал министерот, соопшти Министерството за правда.






Поврзани содржини