Демонстрантите удрија со камења, полицијата со водени топови
Полицијата користеше водени топови за да ја растера толпата која фрлала со камења, јавија локални медиуми.
Властите во Хаг приведоа околу 400 луѓе кои протестираат против мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус.
Мирниот протест ескалираше во насилство по пристигнувањето на десетици фудбалски навивачи кои се судрија со полицијата во близина на централната железничка станица. Полицијата користеше водени топови за да ја растера толпата која фрлала со камења, јавија локални медиуми.
Демонстрациите првично беа забранети од градоначалникот на Хаг, но вчера тој даде дозвола за краток протест затоа што се покажа дека помалку луѓе се појавиле отколку што се предвидуваше минатата недела. Организаторите велат дека предложениот закон за формализирање на антивирусни мерки е неуставен.