Демонстранти го претепале претседателот на ерменскиот Парламент (ВИДЕО)

Арарат Мирзојан беше претепан од некои ѓубриња. Сега е опериран, ништо не го загрозува неговиот живот - напиша Пашинијан.

344

Претседателот на ерменскиот Парламент Арарат Мирзојан беше повреден од демонстрантите во протестите во центарот на Ереван, објави на Фејсбук премиерот Никол Пашинијан.

– Арарат Мирзојан беше претепан од некои ѓубриња. Сега е опериран, ништо не го загрозува неговиот живот – напиша Пашинијан.






Акциите во Ереван беа поттикнати од изјавата потпишана вчера меѓу рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот лидер Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, која најавува целосен прекин на воените дејствија во Нагорно Карабах.

– Република Азербејџан и Република Ерменија остануваат на своите позиции. Мировниот контингент на Руската Федерација се наоѓа по должината на линијата за контакт во Нагорно Карабах и по коридорот што го поврзува Нагорно Карабах со Република Ерменија – вели Путин во изјавата.

Исто така, се наведува дека внатрешно раселените лица и бегалците се враќаат на територијата на Нагорно Карабах и околните области под контрола на Високиот комесаријат за бегалци на ООН.

Поврзани содржини