ДЕМОЛИРАЊЕ ВО СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ“ Се славело па се кршело (ВИДЕО)

Имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена – вели авторот на видеото.

825

На социјалните мрежи денеска беше објавено видео на кое може да се забележи хаосот кој го направиле студентите кои славеле Нова година во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје. На видеото може да се видат расфрлани стакла, искршени хидранти и керамичка санитарија.

Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив во актот чинителите, но имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена. И да нагласам, ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество“ – се вели под објавата на видеото.






Поврзани содржини