Демократскиот сојуз предлага да се укине полицискиот час

466

Демократскиот сојуз (ДС) предлага да се укинат дел од мерките преземени за заштита од ковид-19. Партијата апелира до здравствените власти, мерките што ги предлагаат да бидат растоварени од какво било политичко влијание и да бидат донесени само врз основа на реални факти и податоци и експертски анализи и проценки.

„Прво, да се укине полицискиот час со што ќе се овозможи на граѓаните да го нормализираат животот, пред сѐ, поврзан со извршување на секојдневните фамилијарни и работни обврски. Второ, да се нормализира работата на здравствените установи, посебно од терцијалната заштита (клиники, институти и сл.), затоа што десетици илјади хронично болни се без соодветна здравствена заштита. Трето, да се нормализираат спортските и културите активности согласно протоколите за социјална дистанца и другите заштитни мерки“, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз.






Оттаму сметаат дека долготрајните рестриктивни мерки со кои се ограничува движењето го нарушуваат физичкото и менталното здравје на граѓаните и го намалуваат имунитетот.

Од ДС бараат и да се нормализира работата на хотелите, рестораните, кафетериите и другите угостителски објекти, согласно препораките на здравствените власти.

Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните целосно да ги почитуваат мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните и спречување на ширење на пандемијата предизвикана од корона вирусот ковид-19.

 

Поврзани содржини