Демократскиот сојуз го осуди бруталното насилство врз Љупчо Палевски

356

Демократскиот сојуз го осудува бруталното насилство врз Љупчо Палевски, бизнисмен и претседател на Движењето „Трета“.

„Ги повикуваме службите за безбедност и МВР брзо да ги откријат сторителите и нарачателите на ова кривично дело и да ги изведат пред лицето на правдата. Безбедноста на граѓаните и на учесниците во јавниот и политичкиот живот е од највисок приоритет во едно демократско општество, а државата мора да испрати порака дека насилството не смее да се толерира и да остане неказнето. На Палевски му посакуваме брзо оздравување и враќање на секојдневните обврски“, се наведува во соопштението од Демократски сојуз.

Поврзани содржини