ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ЌЕ ГО ДОСТАВИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА Партијата ја поздрави иницијативата на премиерот Мицкоски

По најавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, дека е подготвен да се донесе закон, со кој Македонија ќе биде една изборна единица, Демократскиот сојуз ја поддржува оваа определба, велат од Демократскиот сојуз најавувајќи дека следната недела предлог-законот ќе го достават во Собранието и дека пратениците ќе можат да ги достават своите забелешки.

186

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов следната недела ќе го поднесе до парламентот предлог-законот за една изборна единица, соопштија од Демократскиот сојуз и најавија дека партијата ја поддржува определбата  да се донесе ваков закон.

Пратениците ќе можат да го дополнат предлогот со забелешки на ОБСЕ и на ОДИХР, се додава во написот.






„По најавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата, дека е подготвен да се донесе закон, со кој Македонија ќе биде една изборна единица, Демократскиот сојуз ја поддржува оваа определба.

Ваквите измени ќе значат демократизација на изборниот процес и демонтажа на “еднопартискиот систем” на владеење, како и зголемување на одговорноста на извршната и законодавната власт.

Во процесот на носење круцијални одлуки ќе бидат вклучени повеќе партии и ќе јакне законодавната контрола на извршната власт.

Со измените, зад секој пратеник ќе стојат ист број гласачи, а не како до сега во Изборната единица бр. 6 пратеник да се избира со 6.300 гласа, а во Изборната единица бр. 3 со 10 илјади гласови“, велат од Демократскиот сојуз.

 

Поврзани содржини