Демократски сојуз предлага интернист да им помага на матичните и да се упрости увозот на лекови

399

Здравствениот експертски тим на Демократскиот сојуз (ДС) предлага да се разгледа можноста во ординациите на матичните доктори да се вклучат и интернисти кои ќе им помагаат околу третманот на пациентите инфицирани од коронавирусот ковид-19.

Покрај тоа, предлага ДС, државата да ги помогне финансиски и со потебната заштитна опрема и средства, средства за дезинфекција и сѐ она што е неопходно за успешно лекување на граѓаните.






„И досега матичните доктори се во директна комуникација со пациентите, но нивниот обем на работа ќе се мултиплицира со сѐ поголемиот број инфицирани граѓани, особено во услови на неможност сите пациенти болнички да се третираат. Воедно предлагаме во услови на прогласена кризна состојба да се упрости постапката за увоз на лекови. Законските процедури не смеат да бидат причина да нема услови за да се набават лекови, кислородна поддршка на пациентите или да нема заштитна опрема и средства за медицинскиот персонал“, предлага ДС.

Демократскиот сојуз апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките на здраствените власти, да носат маски, да не се групираат и да држат дистанца, како и да ги дезинфицираат рацете.

„Мораме сите да се прилагодиме на ‘нормално’ живеење во услови на криза, а процесот на работа и производство да тече со примена на највисоките стандарди за заштита на работниците“, порачуваат од Демократскиот сојуз.

Поврзани содржини