ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ИМА УСЛОВ ЗА УЧЕСТВО ВО КОМИСИЈАТА ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ Софија да ги признае Македонците во Бугарија

Партијата смета дека не треба да почнува постапката за промена на Уставот додека Бугарија го негира македонскиот јазик.

345

Демократскиот сојуз нема да номинира свој претставник во работната група за промена на Уставот, соопштија од партијата.

Според ДС, пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет, Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните,  историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници, вклучително и Бугарите – велат од ДС.






Оттаму додаваат и дека не треба да почнува постапката за промена на Уставот додека Бугарија го негира македонскиот јазик.

– Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот. Поради тоа – веат од партијата.

Демократскиот сојуз бара Владата, како и со помош на ЕУ и САД, да инсистира на признавање на Македонците во Бугарија.

– Признавањето на Македонците во Бугарија ќе биде мал чекор на  официјална Софија, но со историски димензии и почеток на нормализација на односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и помеѓу двете држави, Македонија и Бугарија – велат од ДС.

 

Поврзани содржини