ДЕМНЕЛЕ КАЈ СЕНДВИЧАРНИЦА Фатени четворица малолетници крадци

453

Двајца малолетници денеска во полициска станица во Аеродром биле повикани поради основано сомнение дека заедно со други две малолетни лица, сите од Скопје, извршиле кривично дело „разбојничка кражба“.

Како што посочуваат од МВР,  на 4 август околу 21:30 часот, во близина на сендвичарница, тројца од нив физички нападнале малолетно лице, а четвртиот малолетник со употреба на сила одзел пари.






Во присуство на родителите е извршен службен разговор со двете повикани лица, при што го појасниле настанот во целост.

По насока на јавен обвинител за малолетници од ОЈО Скопје, по комплетно документирање на случајот против четирите лица ќе биде поднесена пријава согласно чл.238 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини