ДЕМНЕЛ МЛАДА ТЕТОВКА СО АВТОМОБИЛ Ја снимал и ѝ се јавувал од различни броеви

27-годишен тетовец е осомничен дека со автомобил следел девојка и нејзината мајка, ги снимал и постојано ѝ се јавувал од различни телефонски броеви.

82

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на градот, осомничен дека подолг период демнел млада девојка и нејзината мајка.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, мажот со автомобил им се приближувал на 21-годишната тетовка и на нејзината мајка, при што ги снимал со мобилен телефон. Освен тоа, тој повеќепати ѝ се јавувал на девојката од различни телефонски броеви, предизвикувајќи чувство на страв и вознемиреност.






Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот, додека против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава за демнење.

Поврзани содржини