ДЕМЕК НЕ БИЛО „ТЕГНЕЊЕ ЗА УШИ“ НА НЕВЛАДИНИТЕ И НА МЕДИУМИТЕ ШТО ЛАПААТ ЕВРОПСКИ ПАРИ Делегацијата на ЕУ си го „поправи“ брифингот
ДЕУ вели: „Финансиската помош што ја даваме за невладините не значи тие да се воздржуваат од критики и на реформите и на процесот, па и на самата ЕУ“.
Во последниот период некои медиуми објавија брифинг од европски дипломати во однос на состојбите со граѓанското општество и политичките елити кај нас.
Дел од толкувањата на тој брифинг беа во насока дека ЕУ ја условува финансиската и општо поддршката на граѓанските организации со барање тие да се воздржуваат од критики на процесот и да даваат безусловна поддршка.
Информативната емисија Агенда 35 на својата страница на Фејсбук пренесе реакцијата од Делегацијата на Европската Унија (ДЕУ) во однос на написите и толкувањата на брифинзите на европските дипломати:
„Граѓанското општество има важна улога во секое демократско општество, однесувајќи се како куче чувар кон властите, обезбедувајќи експертиза, промовирајќи иновативност и креативност и зајакнувајќи ја демократската одговорност.
Поради овие причини Европската Унија е долгогодишен и конзистентен поддржувач на граѓанското општество генерално, вклучително и преку обезбедување на финансиска помош.
Истото важи за невладините организации во Северна Македонија, сега земја преговарач.
Во овој контекст, граѓанското општество може да игра многу позитивна улога и да се однесува како партнер во промовирањето на реформите и унапредувањето на европската интегративна агенда.
Ова не значи дека невладините организации треба да се воздржат од критички поглед на процесот, на реформите или всушност и на самата ЕУ.
Нормално е и здраво да има различни погледи на процесите.
Што се однесува до нашата финансиска поддршка за граѓанските организации, таа вообичаено се обезбедува за спроведување на конкретни активности кои ги унапредуваат основните вредности врз кои е основана ЕУ и на кои Северна Македонија е исто така посветена за европската перспектива.
Ова вклучува почитување на човековите права, владеењето на правото и демократски вредности. Додека очекуваме организациите што ги поддржуваме да дејствуваат со професионализам и интегритет, споделувајќи ги вредностите, граѓанското општество мора секогаш да биде слободно да ги изразува своите ставови за темите кои се во прашање и да дејствува независно“.
Ова е брифингот што сега го „поправа“ Делегацијата на ЕУ во Скопје: