ДЕМАНТ НА БИТОЛСКИ ВОДОВОД Улицата Индустриска не е оставена во хаос, велат од претпријатието
ЈКП „Водовод“ – Битола демантира објави за лоша состојба на улицата Индустриска и нагласува дека сите интервенции на водоводната мрежа се проследени со расчистување и враќање на теренот во редовна состојба.
ЈКП „Водовод“ – Битола демантира тврдења објавени на социјалните мрежи дека улицата Индустриска во населбата Боримечка е оставена во лоша состојба по интервенциите на водоводната мрежа.
– Чистењето на улиците се врши веднаш по завршувањето на санацијата на дефектите. При ископите и поправките е нормално да има привремено нарушување на површината, но по комплетирањето нашите екипи секогаш ја враќаат улицата во соодветна состојба – велат од ЈКП „Водовод“.
Од претпријатието додаваат дека продолжуваат одговорно и посветено да работат во интерес на граѓаните и да обезбедат функционална и чиста инфраструктура.
Граѓаните можат да очекуваат дека сите интервенции на водоводната мрежа ќе бидат проследени со расчистување и враќање на теренот во редовна состојба.